| |

Два од митовите на македонизмот

Пишува: Маузер

За да не остане професорското трио од минатата колумна „осамено во борбата“ и поголемиот дел од останатите припадници на македонската интелектуална елита редовно шири митови во јавноста и со сета сила пробува да продаде една приказна полна со невистини и митови со надеж дека 1000 пати повторената лага ќе стане вистина. Совршен пример за митовите , кои се шират даде познатиот новинар Бранко Геровски. Во своето интервју дадено за емисијата „Дебати“ на Shenja ТВ популарниот Геро изнесе неколку тези за историјата. Целата емисија трае некои 57 минути, но да се задржиме на неговите историски забелешки кои се дел од митологијата која што папагалски се повторува во Македонија. Од интелектуалците, а исто така и од обичниот народ. Еве кои се тие митови:

  1. Борба за независна Македонија

Јас како студент имам учено дека нашите дејци револуционери, во најголем дел, скоро стопроценто, се изјаснувале како Бугари. Има контекст, има зошто е тоа така. Тие луѓе не се бореле овој простор да биде дел од Бугарија, туку се бореле за независна, автономна или федерална Македонија.“

Популарниот Геро, слично на 99% од македонската јавност и историчари пробува да ја релативизира бугарската етничка и национална припадност на револуционерите со тврдењето дека иако тие биле Бугари, сепак не се бореле за соединување со Бугарија, туку за автономна, а подоцна и за независна Македонија. Тие се однесуваат кон тоа деклаирање се едно Гоце се декларирал како Бугарин, за да вози камиони во Шведска. Едноставно онака, им текнувало на револуционерите, да тропаат глупости дека се Бугари, а инаку ништо тие немале со Бугарија. Како да им биле потребни само „паспорти“ и автомобили со бугарски таблички. Дали тие луѓе сфаќаат дека, кога Гоце и неговите соработници се декларирале како Бугари, бугарската нација е во целост оформена нација со свои институции и своја држава? Ајде да зборуваме за прости селани, но ние тука говориме за елитата на овој народ, неговата воена и интелектуална елита. Да не се гледале себе си како еден народ со тие од Добрич, Варна, Пловдив, Софија и др. тие никогаш не би се декларирале како Бугари. Па периодот на делувањето на Гоце и ВМОРО не е период на преродба, па да кажеш ајде по црковна припадност или од немајкаде биле Бугари. Тие веќе се родиле и растеле во семејства кои веќе биле освестени Бугари и како такви тие учествувале во културниот и политичкиот живот на бугарскиот народ.

Како такви ја формирале својата револуционерна организација, а тука се крие и најголемиот доказ за тоа дека тие се сметале за еден народ со другите Бугари – организацијата ВМОРО. Таа организација која е македоно-одринска го отсликува стремежот за ослободување од турскиот јарем на неослободените Бугари од Македонија и Одринска Тракија. Која е единствената нација која што смета дека нејзин составен дел се Македонија и Одринска Тракија? Само бугарската и ниту една друга. Бидејќи тие се сметаат себе си за Бугари формираат организација заедно со другите Бугари, а не со Грци или Срби. За да биде работата уште појасна, првото име на Организацијата е БМОРК или во превод Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети.

Целта пак на таа заедничка организација го отсликува и другиот доказ, а тоа е борбата за автономија. Не за независност, а за автономија. Зошто, ако е тоа некакво си национално македонско движение борбата, не би била за директна независност? Што се Македонците толку поинакви од Грците, Србите или Бугарите да не се борат за независност туку да бараат некаква си автономија која што им следува според член 23 од Берлинскиот договор? Тоа најдобро го објаснува првиот претседател на Централниот Комитет на ВМОРО – Христо Татарчев.

„Нашето внатрешно чувство и мисла се движеа повеќе околу општобугарскиот идеал – присоединувањето на Македонија кон Бугарија, но требаше да ставиме воденичен камен на таа култивирана мечта низ толку години кај македонскиот и слободниот бугарски народ и да вршиме реална политика. Затоа го зедовме чл. 23 како појдовен на нашата дејност…и решивме да го замениме со една попластична фигуративна популација – автономијата на Македонија во нејзините географски и етнографски граници, а тоа се внесе и во уставот на Организацијата.“

Значи идеалот бил општобугарски, но меѓународната политика во тој момент не дозволува такво нешто. Плус друг отежнувачки фактор е расцепкувањето на Бугарите во Македонија и Одринско. Тешко може да се верува дека би можело да дојде до директно спојување на најголемиот дел на Македонија и Одринско со Бугарија, па така според Гоце треба да се оди по заобиколен пат. Автономија, но со „задни намери“.

Другари, не виждате ли, че сега вече не сме роби на разпадащата се турска държава, а сме роби на европейските велики сили, пред които Турция подписа своята пълна капитулация в Берлин. Затова трябва да се борим за автономията на Македония и Одринско, за да ги запазим в тяхната цялост, като един етап за бъдещето им присъединяване към общото българско отечество. “

“Другари, аз сега заминавам за България, ще получа от нашите другари пари и знайте, че тези пари ще отидат тъкмо за делото, за македонското дело и ще продължа с всички сили и средства (борбата) с тези гадове, не със гадове, а като с хора. Ако не се обединим, знайте, Македония е разкъсана, ще стане война, дали тази война ще сполучим или не, ще се предизвика по-голема война, ще стане европейска намеса, ще пострада България…….Ние не можем да спечелим пълна свобода, ние ще искаме автономия. Целта на Централната организация беше тайна, един ден само по себе си, след 10 или 15 години, без да се съмняват Сърбия и Гърция, тя ще се обедини с България”

Ова погоре се изјави на Гоце цитирани од страна на Коце Ципушев, негов кумашин, деец на ВМОРО и зет на Тодор Александров и Андон Ќосето кој мислам дека на сите ни е познат. Цитатите на неколку од најважните дејци на Организацијата се доволни за да се долови што всушност се крие позади барањето за автономија, кое што пак е додатен доказ за нејзиниот бугарски карактер. Револуционерите на ВМРОРО се борат за автономија, а после тоа тие на ВМРО за независнот не поради тоа што сакаат да се одвојат од Бугарија туку затоа што не можат да се обединат. Тоа многу убаво го кажува последниот водач на историското ВМРО – Иван Михајлов: „Нека утрешните поколения знаят, защото времето отминава, а нашата преходност е налице, че ние направихме ВМРО не за да правим две Българии, а защото нямаме една целокупна!”

На крајот од краиштата погледнете што се случува со самата Организација и идеите за автономија и независност секој пат кога е возможно да се воспостави Сан Стефанска Бугарија. И во 1913 и 1915 и 1941 речиси сите дејци на ВМОРО се дел од бугарските војски и администрација и работат кон присоединување на Македонија кон Царството Бугарија. Тоа е факт, а не некаква конструкција.

И на крајот кога го имаме сето ова во ум, дали суетниот новинар се уште мисли дека е тие револуционери само туку-така се декларирале случајно како Бугари? Како тој како уверен македонист би се нашол во таа независна држава каква што ја замислувале комитите? Дали мислите дека на комитите би им сметало да ги признаеме бугарските корени на нацијата и на јазикот? Да имаме бугарска црква и училишта и да бидеме две најблиски држави во Европа? Овде следува вториот мит.

  1. Губење на идентитетот

Вториот многу силен мит во Македонија е стравот од губењето на идентитетот. Геровски само ги потвдува тие стравови кои просечниот Македонец ги има, а ги перпетуираат политичките и интелектуалните елити во Скопје.

„Со Бугарите имаме мотеолошки проблем, по диктат на Софија да се хармонизираат учебниците“, тврди Геровски. Според него, Али Ахмети и Албанците треба да разберат дека има работи за кои Македонците нема да се согласат по никоја цена. „Бугарството не може да биде европски идентитет на македонската нација. Вие може да зборите што сакате, но од мене Бугарин не бидува“, додава Геровски.

Дали тоа што на хартија ќе се пише и потврди историскиот факт дека Гоце бил Бугарин наеднаш ќе направи да не сте Македонци? Како фунционира тоа, со магично стапче ќе исчезне македонската посебност?
Еве и да го земеме најлошиот случај, признаваме дека сме чеда на Аспарух, признаваме дека јазикот ни е со бугарски корени, признаваме дека сите сме биле Бугари и се впише тоа во учебниците. Како тоа ќе ја смени постоечката реалност дека Македонците си се посебна нација во целост формирана со своја свест веќе најмалку 3 генерации? Дали со тоа што ќе се наведе дека Бугарија не била фашистички окупатор или се тргне називот бугарски пред фашистички окупатор на спомениците, ќе ги направи луѓето овде немакедонци? Што пак ако се додадат фактите дека во завршните операции за ослободување од хитлеризмот учествувала и бугарската армија и дека народот тука откупувал со злато бугарски војници заробени од германските трупи? Дали македонскиот идентитет е толку слаб и зависи од тоа Бугарија да е фашистички окупатор? За да бидат уште побизарни работите, централен момент во новата историја е Организацијата, која што беше дел од таа „окупациона власт“. Тоа е однесување на нација која што страда од шизофренија и на нација која што би верувала во лаги отколку да создаде идентитет базиран околу фактите и вистината.

Дали вештачкото врзување на идентитетот со личности кои имале јасно етничко и национално припаѓање кон друга нација е паметно решение? Секако дека не, бидејќи тоа може да функционира само во тотален мрак. Затоа и сега Македонците чувстувват дека идентитетот им се одзема бидејќи долго време не беа изложени на информациите кои кажуваат дека тие личности биле Бугари и делувале како такви. Односно да го цитирам Панко Брашнаров, човекот кој со својот говор го отворил АСНОМ и бил негов потпретседател: „ макар и да е исторически факт, че илинденците са се чувствали и са действали всякога и навсякъде като хора с българско съзнание”. Нормално е таквиот идентитет кој слепо се врзува само со внимателно филтрирани лица на левицата на ВМРО и фалсификување на нивната работата и работата на преродбениците да се руши. Наместо да се гледа ова како можност да се прошири идентитетот на сите кои учествувале во македонското ослободително движење и конечно да ги разоткриеме сите херои кои први ја претставија идејата за некаква македонска државност, се гледа како на губење на истиот.

Тука на крајот од краиштата и се поставува и прашањето што е тоа македонскиот идентитет? Прво и основно тој е реалност. Македонците ако сакаат да бидат Македонци можат да се и уште од вчера да биле создадени. Второ тој, барем за мене лично е негување на македонската посебност. Таа се изразува преку негување на посебноста на македонскиот јазик (каква и да била неговата генеза) кој што веќе се изучува на десетици катедри низ светот и кој е примен како таков во ОН, негување на македонскиот фолклор, традиции и мелос, чувство на блискост и на заедничка припадност со другите Македонци, а не со луѓе во Бугарија или Србија. Тоа се работите што ја прават една нација нација, а не дали ќе учиме фактички точна историја за тоа како се чувстувал Даме Груев. Ако вашиот дедо и баба се чувствувале само како Македонци и тие на вас тоа го пренеле тоа не може да се избрише никако. Исто како што не може ни да се избрише пишаното и изреченото од страна на револуционерите и преродбениците.

Постојат историски факти и дури толку воспеваната криворазбрана од македонските историчари мултиперспективност не може да ги промени. Може да има повеќе погледи кон тоа колку бил застапен бугарскиот идентитет, колку регионалниот македонски кај просечниот селанец, но не можеме да велиме на црното, бело и да кажуваме дека Гоце Делчев бил Македонец по род, нација, кој бил спротиставен на Бугарија и бугарштината. Едноставно таквото тврдење би било фалсификација, а вистината колку и да е лоша е подобра и од најубавата лага. Се што е изградено на темели од лага и нема никаква потпора е осудено да пропадне, а македонизмот ќе пропадне, ако неразумно инсистира на перпетуирање на лагите и митовите.

Слични Објави