| |

СЕЛА: ВРЕМЕ Е ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ И ПРОМЕНА НА ВЛАСТА

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека неопходни се предвремени парламентарни избори, бидејќи, според него, дојдено е време да се смени власта во земјава.

Според Села, смената на власта ќе донесе демократија, ќе ја врати надежта на луѓето и ќе се запре егзодусот на младите кон ЕУ.

Лидерот на АА, упати критики кон албанската владејачка партија ДУИ, обвинувајќи ја дека владеела на незаконски начин.

-Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полурежим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата – истакнува Села во скајп интервју за тв „Ора“.



Слични Објави