(Видео) Чавдар Стефанов: Бугарија мора да сфати дека Русија на Путин, не е ниту СССР ниту Руската империја

//

Брза и победничка војна за обединување на малите народи во Руската Федерација и спречување на растечките националистички импулси меѓу Бурјатите, Дагестанците и Чеченците. Ова е една од можните причини зошто Владимир Путин ја започна војната во Украина. Покрај Русите, во огромната федерација живеат уште десетици националности. Во последните години се зголемија противречностите меѓу овие националности. Сепак, Путин сака да види обединет народ кој ќе ја врати империјалната големина на Русија. А тоа подразбира враќање на украинската територија во составот на Русија, бидејќи тоа е поранешната Киевска Рус. Ова е почеток на некогашната руска империја, изјави Чавдар Стефанов, новинар и долгогодишен дописник на БНР, БНТ и БТА од Москва. Освен тоа, земјата на Украина беше житница на СССР, а денес е житница и на Европа, додаде Стефанов.

Зошто Киев е толку важен за НАТО?
Може ли руската инвазија на Украина да се спореди со воздушните напади на САД во Србија и операциите во Ирак, Либија и други земји?
Дали се урна сликата за моќта на руската армија?
Зошто руското општество продолжува да му верува на Путин?
Успеаја ли европските лидери да им објаснат на граѓаните на ЕУ зошто мора да ги платат санкциите против Русија, поради војна со земја која не е ниту членка на НАТО, ниту на ЕУ?

Одговорите на овие прашања ги дава нашиот колега Чавдар Стефанов.





Претходна статија

(Видео) Милотинова: ЕУ ѝ порача на РСМ да ги почитува своите обврски

Следна статија

Народната банка на РС Македонија го додаде српскиот динар на курсната листа

Најново од Вести