ПРОМОЦИЈА НА БУГАРСКИОТ ПРЕВОД НА РОМАНОТ „ЈАДИЦА“
Издавачката куќа „Персеј“ од Софија објави бугарски превод на македонскиот роман „Јадица“ од Владимир Плавевски…
Преводот на книгата ќе биде промовиран вечер од 18:30 часот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.Авторот Плавевски вторпат ќе го претстави своето литературно творештво во КИЦ во Софија, а ќе се претстави и со своја изложба на театарски фотографии направени во 1970-те, 1980-те и 1990-те години.
