| |

ГДУ: ИТНО СПРОВЕДУВЊЕ НА ПОПИС И ЦЕЛОСНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

Итно спроведувње на попис и целосно прочистување на Избирачкиот список. Сега кога на големо се зборува за предвремени парламентарни избори, прво што треба да направиме е да се преброиме. Во прочистувањето на списокот, голема улога ќе има пописот. Бранко Црвенковски и Талат Џафери не можеа да гласаат зошто ги немаше во списокот со гласачи. Ова не се само два случаи, ги има многу повеќе, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско демократската унија.

Да, референдумот само ги зголеми сомнежите и ја намали и онака малата доверба во Избирачкиот список. Затоа бараме од лидери пред да почнат со пазарења, да покажат политичка волја и конечно да ја спроведеме статистичката операција, која според светските стандарди се спроведува секои 10 години.

Македонија е единствена европска земја која нема спроведено попис во рамки на светските стандарди. Притоа укажуваме дека мора да се најде и решение за проблемот кој со години се провлекува и Народниот правобранител редовно укажува, а тоа е спорната методологија која се користи при правењето на Избирачкиот список. Од него автоматски се бришат сите оние на кои им истекува важноста на личната карта помеѓу затворањето на Избирачкиот список и денот на спроведувањето на изборниот процес.

И мора под итно промена на изборниот модел, зошто со овој двата табори ќе си возат, а Македонија ќе си тапка во место. Ниту едните, ниту другите можат да понудат нешто квалитетно. Една изборна единица и отворени листи, зошто граѓаните сакаат слободно да изберат сами, а не лидерите да избираат меѓу нив,  се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско демократската унија. 

Слични Објави