Младински работници од Бугарија и Северна Македонија заедно во проект за вклучување на младинци со специјални образовни потреби
Од 20 јуни до 1 јули 2026 година, фондацијата „За Утре“ од Благоевград беше домаќин на меѓународен курс по програмата „Еразам+“ – „ECO ART Inclusion“, посветен на еколошки и артистички алатки за социјализација и трудова реализација на младинци со специјални образовни потреби, јавува Пиринско.
Во селото Долни Раковец во близина на градот Радомир, младински работници од Бугарија, Албанија, Молдавија, Шпанија, Турција, Хрватска, Полска и Северна Македонија, преку обуки, работилници, активности во природа, звукотерапија и уметничко изразување разменуваа искуства за социјално вклучување.
Во проектот се приклучија и младинции со специјални образовни потреби од „Каритас“ – Софија, а завршниот настан се одржа во паркот „Бачиново“ во Благоевград, со околу 50 учесници.
„Ја постигнавме основната цел на проектот – младинските работници да усвојат еколошки и артистички методи кои ја поттикнуваат мотивацијата, самодовербата и емоционалната благосостојба на младинците со специјални образовни потреби“, изјави Петја Петрова од Фондацијата „За Утре“.
