Бугарски дипломат: Острите пресврти во надворешната политика не се во интерес на Бугарија
„Ако некој мисли дека може да се претстави или, како што тврдат во својата програма од политичката партија „Продолжуваме со промени“, дека ќе бидеме обединувачки фактор на Балканот, би сакал да потсетам дека во последните неколку години ги гледаме обидите на бугарската држава да ја игра оваа улога, која не заврши особено позитивно за нас. И не затоа што евентуално не можеме, туку затоа што не бевме разбрани. Во моментов сме во ќор-сокак во однос на PC Mакедонија, пишува во анализа за БГНЕС долгогодишниот дипломат и експерт за Блискиот исток и Израел Мирослав Зафиров.
Скопје го идентификува Даниел Лорер како идеален министер за надворешни работи за нив.
Не треба да се заборави дека политиката на Бугарија кон РС Македонија во сегашната форма и позициите што успеавме да ги одбраниме, во голема мера се должи на група професионални дипломати, а не на гласните изјави на политичките лидери. Некои од овие дипломати се уште се во министерството или во различни европски метрополи. Во однос на PC Mакедонија, како и со некои други балкански земји, како што е Србија, преговараме со исклучително сложени партнери кои во исто време не се подготвени да ни дадат никакви гаранции за ништо и се водени од лични интереси и надворешнополитички идеологии кои тешко можат да се проголтаат.
Тоа што претставникот на РСМ буквално си дозволи да го открие името на нивниот префериран кандидат е проблем и треба да биде црвено светло за скопскиот поглед на она што се случува во Софија. Ова не само што го издава ставот на Скопје кон она што се случува во Бугарија, туку и директно кажува што очекува Скопје и луѓето позади Скопје од идната бугарска влада. Тоа е апсолутно неприфатливо од гледна точка на заштита на националниот интерес.
Проблемот со РС Македонија, како и проблемот со Србија, нема да се реши со формирање на комисиите за кои зборува Кирил Петков. Можеби тос не звучи лошо, но не е адекватно на она што се случува денес. Острите пресврти во надворешната политика, особено за прашањата за кои има парламентарно единство, веројатно нема да бидат од корист за заштита на државните интереси, како и за нивната убедлива одбрана пред нашите партнери“, пишува Зафиров.
Целата анализа на бугарскиот дипломат прочитајте ја овде.

