| |

Легендата на бугарскиот фудбал Христо Стоичков го посети батаљонот каде што служел војска

Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков, ја посети касарната на 38. механизиран баталјон, кој е дел од 2. механизирана бригада со седиште во Стара Загора. Тоа е местото каде што славниот број 8 ја служел својата задолжителна воена служба, јавува Инфоцентарот на Министерството за одбрана на Бугарија.

Стоичков беше топло пречекан од заменик-командантот на 2. механизирана бригада полковник Митко Балтов, заменик-командантот за логистичка поддршка полковник Галин Каракоев и командантот на 38. механизиран баталјон потполковник Марин Цаловски.

За време на посетата, Стоичков со носталгија се потсети на времето кога бил дел од оваа воена формација и сподели анегдоти од својата служба. Легендарниот фудбалер го посети и тренингот на претставничките фудбалски екипи на ВСК „Тракиец“, каде што се фотографираше со играчите и потпиша автограми за војниците од баталјонот.

Во знак на благодарност, полковник Балтов му врачи на Стоичков плакета на единицата, значка, пенкало со логото на бригадата и благодарница од името на командантот на 2. Тунџанска механизирана бригада, бригаден генерал Мирослав Костадинов.

Слични Објави