Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до претседателот на Украина, Владимир Зеленски во кое изразува поддршка за украинскиот народ и упатува честитки до претседателот Зеленски за поднесената кандидатура за членство во Европската Унија.
„Изминатите три месеци граѓаните на Украина херојски ја бранат својата земја, а со тоа и целиот европски континент и универзалните вредности на демократијата во кои веруваат мирољубивите држави и народи на кои припаѓаме.
Во оваа смисла, Украинците со конкретни дела докажаа дека припаѓаат на европското семејство и се подготвени да ги направат првите чекори во насока на започнување на процесот на интеграција во Европската Унија. Јас како долгогодишен поддржувач на идејата за Обединета Европа, цврсто сум убеден дека денес, кога војната повторно се врати на европско тло, Унијата треба да донесе важни политички одлуки, со што процесот на проширувањето нема да запре на Западниот Балкан, туку ќе продолжи со сите мирољубиви европски држави кои ги споделуваат вредностите на демократијата“, се вели во писмото од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски, целиот напис можете да го видите овде.
Извор: Zoom. mk