|

31 година од масакрот во Сребреница

На денешниот ден 11 јули се одбележуваат 31 година од масакрот во Сребреница, каде што во јули 1995 година силите на босанските Срби, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња, јавува БНТ.

Злосторството е признаено како единствен геноцид во Европа по Холокаустот.

Годинава ќе бидат погребани уште десет новоидентификувани жртви. Процесот на идентификација продолжува, бидејќи телата биле фрлани во масовни гробници.

Околу 6.000 луѓе ќе им оддадат почит на жртвите со учество во традиционалниот Марш на мирот. Тие минуваат речиси 100 километри по обратната траса што ја поминале илјадници мажи и момчиња, бегајќи од силите на босанските Срби.

Слични Објави