ВИДЕО: НОВИ СНИМКИ ПОКАЖУВААТ КАКО Е ПОГОДЕН УКРАИНСКИОТ АВИОН ВО ИРАН

Објавени се нови инсерти од моментот кога две ракети го погодија украинскиот патнички авион над иранската престолнина, при што загинаа 176 лица во авионот, пренесува Лидер.

Њујорк Тајмс објави видео од безбедносните камери за кое се вели дека го потврдиле неговиот кредибилитет. На него се гледа како во интервал од 30 секунди се испукуваат две ракети.

Авионот може да се види како лета неколку минути потоа, запален, обидувајќи се да се врати на аеродромот во Техеран, наведува медиумот. Неколку минути подоцна експлодира и се урна.