|

ТРАЈКОВСКИ САМ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТНТ“

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски кој е обвинет во случајот „ТНТ“ утрово сам дојде на закажаното судење. Овој обвинет на претходните две рочишта не се појави во судница, а неговиот адвокат Јовица Страшевски го извести судот дека Трајковски знаел за судењето, но немал добиено покана и затоа не се појавил, јавува МКД.мк.

Судијата Огнен Ставрев по двете отсуства вчера нареди Трајковски да биде донесен на судењето со полиција, ако не се појави. 

Поради неотповиклива оставка на поротничка од овој предмет, судскиот процес денес треба да почне одново. 

Во предметот „ТНТ” обвинети се поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.



Слични Објави