ШЕНКА КОЛОЗОВА ВО КУМАНОВО ЌЕ ЈА ДОБИЕ ПРВАТА НАГРАДА „ВАСИЛ ИЉОСКИ“

Реномираната актерка Шенка Колозова ќе биде првата добитничка на наградата „Васил Иљоски“ која ќе ѝ ја додели Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Како што информираат од установата, станува збор за награда за особен придонес во културата и актерската игра од областа на комедиографијата. Наградата на Колозова ќе ѝ биде доделена на овогодинешното издание на театарскиот фестивал Денови на комедија.

Својот работен век Колозова покрај во штипскиот и скопскиот, го минува и во Театар Куманово. Во сите овие три институции, таа има играно во над 6.000 претстави.