“КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА“ НА РЕПЕРТОАРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ

Националната опера и балет, на 15 октомври 2019, со почеток во 20.00ч. ќе ја изведе КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА, опера на Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева.

Настапуваат солистите: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска Мадевска како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.