ШТО МОЖЕ ДА Ѝ СЕ СЛУЧИ НА ЕДНА ЖЕНА ВО ЗАТВОРИТЕ ЗА НЕУСПЕШНИ БЕГАЛЦИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА

„Кралството на отшелниците“, така ја нарекуваат во Vice Северна Кореја- авторитарната комунистичка земја, потоната во мизерија, за која државната телевизија на Ким Јонг Ун се обидува да прикаже сосема поинаква невистината слика.

Нов извештај на ОН ги прикажува конкретните системски злоупотреби со жени кои се обиделе да ја напуштат земјата на Ким Јонг Ун.

Во извештајот се вклучени интервјуа со повеќе од 100 жени, кои успеале да избегаат од Северна Кореја. Токму тие раскажуваат за насилствата од физичка и сексулна природа што биле извршени врз нив.

„Потресно е да ги читаш сведоштвата на тие жени, кои бегаат од својот роден дом за да живеат нормално. Тоа се жени кои биле искористувани за тежок физички труд и се жртви на трговија со луѓе. Ние треба да се погрижиме за тие луѓе, а не повторно да ги измачуваме“, вели врховниот комесар за човекови права на ОН, Мишел Бачелет во однос на извештајот за Северна Кореја.

Државјаните на Северна Кореа кои сакаат да патуваат во странство треба да имаат пасоши и дозволи, но истите се издаваат само на лица за кои државните органи сметат дека се лојални граѓани.

Тие што нелегално ја преминуваат границата поради финансиски, социјални ли политички причини, обично се казнуваат со казна затвор до 5 години, а потоа се обележани и како „предавници“.

Бегањето преку границата е опасно посебно за жените, тие најчесто стануваат жртви на трговија со луѓе, ги продаваат речиси како робинки, за евтина работна рака, за сексуална експлоатација или пак за принуден брак.

Извештајот детално ги опишува условите во центрите за вратените од границата, кои не успеале да избегаат.

Во нив жените немаат никаква приватност, нивни чувари се мажи. Хигиената во овие центри е ужасна. Нема доволно храна за затворениците, а жените не добиваат дури најосновни хигиенски материјали.

Овие затвори за бегалци од рајот на Ким Јонг Ун се управуваат од посебен државен орган и во нив казните личат на сценарио од хорор филм.

Затворениците се терани да седат со часови на коленици, со паузи за време на распитите спроведувани од полицијата.

Жените се тепани, силувани и често терани да ги абортираат своите деца, ако се дознае дека нивниот татко не е од Северна Кореја.

Меѓу најкористените казни се 100 склекови, трчање во дворот на затворот и тепање со челична шипка.

Во извештајот на ОН се препорачува тортурата врз овие луѓе да прекине и секако на државјаните на Северна Кореја да им биде дозволено да можат слободно да ја напуштат и да се враќаат во својата земја.

Владата во Северна Кореја не го коментира последниот извештај, но негира дека во нивни казнени установи се кршат правата на жените.