МАКЕДОНЦИТЕ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ВЛЕЗАТ ВО ГЕРМАНИЈА ДО 31 АВГУСТ
Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување на граѓани од земји кои не се членки на Европската унија до 31 август, изјавиле неименувани извори од германската влада.
Како што објавува Ројтерс, кабинетот на германската влада се очекува да ја донесе таа одлука утре.
Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.
Ова ќе значи дека граѓаните на Северна Македонија, дури и откако ќе бидат отворени нашите граници, нема да може да патуваат во Германија во скоро време.
Извор: Zase.mk

