Планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето

/

Европското движење во земјава во соработка со Делегацијата на Европската Унија и оваа година го организира традиционалниот Планинарски марш до Водно по повод 7 Мај – Европскиот ден на знамето.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење, проф. д-р Милева Ѓуровска, пред седиштето на ЕУ (зградата на ЕУ инфо-центарот) ќе ги разменат македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално и симболично ќе го означат почетокот на „Планинарскиот марш 2022“. Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на ЕУ ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња. На планинарскиот марш се очекува да се приклучат бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани, информираат од Европското движење. Покрај церемонијалната природа, организаторите на настанот соопштија дека оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности.

Извор: zoom.mk





Претходна статија

Кузеска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо затоа што Мицкоски најавува блокада

Следна статија

Деца спортисти со специјални потреби од Бугарија и РС Македонија одиграа фудбалски натпревар во Скопје

Најново од Вести