Бугарката Гина Кожухарова наполни 100 години во Сиднеј и доби честитка од кралот Чарлс III
Бугарката Гина Кожухарова, долгогодишна професорка во Англиската јазична гимназија во Пловдив, го прослави својот 100-ти роденден во Сиднеј, Австралија, каде што по повод јубилејот доби официјално писмо со честитка од кралот Чарлс III, јавува Радио Бугарија.
За јубилејот соопшти Бугарското културно и социјално здружение „Родина“ во Сиднеј. Поранешни ученици на Кожухарова од Бугарија, исто така, ѝ упатија честитки и потсетија на нејзиниот долгогодишен придонес во образованието.
Кожухарова е сестра на Стефан Кожухаров, основач на здружението „Родина“ и носител на Орденот на Австралија за придонес кон општеството и бугарската заедница.
Од здружението оценија дека нејзиниот 100-ти роденден има симболично значење и потсетува на генерациите Бугари кои го зачувувале својот идентитет далеку од татковината.
