| |

Бугарската хит серија „Под прикритие“ се враќа со шеста сезона во етерот на БНТ

Десет години по завршувањето на претходната сезона, бугарската серија „Под прикритие“ вечерва во 22:00 часот се враќа на БНТ 1 со шеста сезона, со нови приказни, познати ликови и поинаков поглед кон светот на организираниот криминал, јавува БНТ.

Продуцентите Магрдич Халваџијан, Димитар Митовски и Борислав Колев изјавија дека новата сезона е замислена како природно продолжение на приказната, но со поширок продукциски размер и поголем акцент врз психологијата, драмата и социјалните теми.

Според Колев, серијата посилно се осврнува на корупцијата и врските меѓу власта, парите и криминалот. Во новите епизоди важна улога имаат и ретроспекциите, преку кои се поврзуваат минатото и сегашноста на ликовите.

Митовски посочи дека големиот успех на претходните сезони создава високи очекувања и одговорност за авторите, нагласувајќи дека клучна за успехот останува добро раскажаната приказна. Конечната оценка, според продуцентите, ќе ја даде публиката.



Слични Објави