| |

Стефан Младеновски ќе учествува на меѓународниот ликовен пленер „Свети Лука“ во Ќустендил

Македонскиот визуелен уметник Стефан Младеновски е десеттиот и последен учесник на годинашното, 26. издание на Меѓународниот пленер „Свети Лука“, што ќе се одржи од 11 до 18 октомври во Ќустендил, јавува Пиринско.

Младеновски е роден во 1996 година во Крива Паланка, а твори во областа на сликарството, графиката и цртежот. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2020 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Има реализирано повеќе од 15 самостојни изложби и учествувал на над 70 групни изложби.

Пленерот го организираат Општина Ќустендил и Здружението „Меѓународен пленер ‘Св. Лука’“, во партнерство со Уметничката галерија „Владимир Димитров – Мајсторот“ и Здружението за туризам – Ќустендил.

Слични Објави