| |

Бугарски фолклор и џез денес ќе звучат на концертот на GloBalKan во Луксембург

Бугарската група GloBalKan вечерва, 10 октомври, од 20:00 часот ќе одржи концерт во културниот центар neimënster во Луксембург, како дел од програмата „Фокус на Бугарија“ на фестивалот CinEast 2026, соопшти Бугарскиот културен клуб „Гајда“, јавува БТА.

Групата ќе претстави музика што го спојува бугарскиот фолклор со џез, поп, латиноамерикански и класични влијанија, како и карактеристични балкански нерамноделни ритми.

GloBalKan е основана во 2017 година од кавалџијата Недјалко Недјалков. Во составот се и Петар Миланов на гитара, Стојан Јанкулов на тапани и Владимир Карпаров на саксофон.

Концертот е дел од 19. издание на CinEast – Фестивалот на централно- и источноевропскиот филм во Луксембург, кој се одржува од 9 до 25 октомври. Фокусот на годинашното издание е Бугарија, а програмата се реализира во партнерство со клубот „Гајда“.

Слични Објави