|

ПОЖАР УНИШТИ КУЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП. СЕ ПОЧНАЛО ОД ЗАПАЛЕНА СВЕЌА

Пожар уништи куќа во центарот на Штип. Едниот кат е целосно, а другиот делумно изгорен во оган кој се раширил со неверојатна брзина:

„Кога станав видов дека сите беа растрчани и дознав дека куќата на соседите изгорела .Сѐ беше во пламен“ изјави анкетираната соседка

Поради збиениот распоред на куќите, малку фалело, пожарот да се прошири и кај соедите:

„Ги повикав сите соседи да помогнат ,имало можност и нашата куќа да ја зафати пожарот бидејќи куќите се многу блиску “ изјави анкетираната соседка

За да се спречи поголема катастрофа, во гаснењето на пожарот бил ангажиран целокупниот раслопожив потенцијал на Територијалната противпожарна единица:

„За околу 30тина  минути го ставивме пожарот под контрола.На лице место работевме со надворешна и внатрешна линија односно на долниот спрат и на кровот го гасневме пожарот додека вториот спрат воопшто не беше зафатен.Кога пристигнавме имаше доста јак пламен и за среќа  ја заштитивме соседна куќа која не беше многу оддалечена .“ изјави Тони Георгиев, командир на смена на ТППЕ – Штип

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат, но според првичните информации, најверојатно, се почнало од запалена свеќа:

„Слушнав дека била запалена свеќа и од неа настанал целиот пожар.Беше многу страшна гледка“ изјави анкетираната соседка

Последиците од пожарот се и материјални и емотивни, но за среќа повредени нема.

За кратко време, ова е втор голем пожар во која изгоре куќа, по оној од пред неколку денови кога целосно е уништен домот на семејството Мемет од Лакавица.

Извор: ТВ Стар

Слични Објави