|

ВМРО-ДПМНЕ ГО БРАНИ В. Д. ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТРАЛЕН: СТОТИЦИ ВРАБОТЕНИ ПО РАМКОВЕН НЕ ОДАТ НА РАБОТА, НО ЗА НИВ НЕМА СЛУЧАИ

Стотици нововработени или примени по рамковниот договор не одат на работа, но случај се креира само за поранешен директор од опозицијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако ексдиректорот на Централниот регистер, Андреја Поповски беше приведен поради злоупотреба на службената положба и овластување поради вработување на партиска активистка која не доаѓала на работа, а добивала плата.

ВМРО-ДПМНЕ критикува дека земјата тоне во корупција и назадува на листата на Транспаренси, а премиерот Зоран Заев нуди партиско – политички пресметки со сите кои размислуваат поинаку.

„Институциите се злоупотребуваат за да се штити криминалот на власта, а за сметка на тоа се креираат и измислуваат непостоечки случаи. Власта најавува одлуки, а потоа клиентелистичкиот суд само ги пишува“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Опозицијата дополнително коментира дека ЕУ и САД бараат расчистување на рекетот и дивоградбите и инсистираат пред суд да бидат изведени не само извршителите, туку и организаторите и помагачите на криминалот.

Извор: Макфакс



Слични Објави