Прокиснува кровот на модуларната болница во Скопје – „водата немала контакт со електричната инсталација“

/

Модуларната болница во Скопје ставена под клуч бидејќи дел од кровот почнал да прокиснува.

„Поради обилните врнежи од дожд пред неколку дена, дел од кровот на модуларната болница овде во Скопје е оштетен, но за среќа немало ниеден пациент внатре“, истакна репортерката на ТВ21.

Друга причина за затворање на модуларната болница, како што објаснуваат од Инфективната клиника, е и намалениот број на хоспитализирани пациенти.

Модуларната болница се дезинфицира и се вршат стандардните процедури за нејзиното одржување, информираат од таму.



„Во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија. Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти“, велат од Клиниката.

Додаваат дека Инфективната клиника ја пусти в о употреба модуларната болница кога се исполнува капацитетот на Клиниката и другите ковид центри во градот. Исто така поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти во изминатиот период, затворени се и другите ковид центри во рамки на Клиничкиот центар во Скопје како и низ цела држава, со цел да се заштеди на извори и персонал.

Претходна статија

СДСМ- Скопје: Данела Арсовска е кандидат на урбаната мафија што го уништи центарот на Скопје

Следна статија

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Најново од Вести