МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДОБИЛЕ ПРОТОКОЛ ЗА ЛЕКУВАЊЕ СО ИВЕРМЕКТИН

Mатичните лекари добиле протокол за лекување со ивермектин велат од министерството за здравство. Стручниот колегиум за универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и центрите од интернистичкиот блок, изготвиле мислење за употребата на лекот ивермектин кај пациенти со ковид 19.

loading...

Протоколот преку лекарската комора бил испратен до матичните лекари. До крајот на неделата лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари за да ги дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела лк ќе организира онлајн дискусија со лекарите кои работат во болниците за употребата на лекот. Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои паѓаат на товар на фондот..

Лекот „Ивермектин“ е пристигнат во македонија и е достапен низ аптеките рече министерот за здравство венко филипче при отворањето на модуларната болница во Кичево.



loading...

Лекот кој се користи за терапија на заболени од коронавирус ќе чини околу 300 денари и ќе се издава само со рецепт од матичен лекар или специјалист. Од „Малмед“ истот така апелираа до граѓаните да не се лекуваат на своја рака и да не создаваат залихи дома.