ГИР: РЕФОРМИТЕ ВО СУДСТВОТО СЕ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ

Новиот Евроамбасадор во земјава Дејвид Гир, без концизен одговор дали ЕУ гледа потреба од прочиствање на судството, како што најави владата. Гир иако беше прашан директно каков е ставот на унијата за проветрувањето, одговори дипломатски, дека судските реформи се видливи и дека тие најмногу се потребни за граѓаните.

loading...

„Судските реформи се фундамент и се интерес на граѓаните затоа што станува збор за правда, за доверба во институциите, но и за привлекување странски инвестиции во земјата“, рече Гир.

Евроамабсадорот смета дека главната улога за утврдување на евентуална корупција во правосудството е Судскиот совет односно Советот на обвинители. Но, токму член на Судскиот совет, Зоран Теофиловски е обвинет за злоупотреба на службената положба. Но, не како судија туку како претседател на тениско здружение. Тој е дел од Советот кој треба да ја расчисити корупцијата во судството. Министерот за правда посочува дека станува збор за индивидуален случај.

„Еве ова е еден вид на доказ дека никој не е поштеден и нема селективност а верувам во Судскиот совет дека најголем дел од неговите членови можат одговорно и професионално да ја вршат својата рабоата“, рече Бојан Маричиќ, министер за правда.


loading...

СДСМ пред неколку години најавуваше целосен ветинг во судството, но откако не доби поддршка од Брисел се повлече од оваа идеја и пред Нова година, новиот министер за правда презентираше модел за прочистување на судството и обвинителството.