| |

НЕВРАБОТЕНОСТА ВО БУГАРИЈА ИЗНЕСУВА 6,5 %

„Во моментот бројот на невработени лица изнесува 201.686, колку што беа пред вонредната состојба. Стапката на невработеност е околу 6,5%“. изјави министерката за труд и социјална политика во оставка Деница Сачева за време на состанокот со премиерот Бојко Борисов.

Таа објави дека скоро 300.000 луѓе нашле нови работни места за време на пандемијата. Истиот број ги задржале своите работни места поради мерката 60/40. Бугарија за таа мерка исплатила вкупно над 500 милиони евра.

Сачева соопшти уште дека се префрлени 84 милиони евра во најпогодените сектори „Туризам“, „Транспорт“ и „Угостителство“ и додаде дека поради тоа се зачувани речиси 30.000 работни места.



Слични Објави