| |

ШЕСТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ УДРЕНО ОД АВТОМОБИЛ ВО ТЕТОВО

На улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, вчера ( 14 ноември ) околу 17 часот и 30 минути, патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 34-годишниот тетовец Н.Ш, удрило во 6-годишно девојче ( пешак ) од Тетово.

Од удирањето, девојчето задобило тешки телесни повреди ( фрактура на десна надколеница ), пренесено е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштено е на домашно лекување.

Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.

Слични Објави