|

СЗО: СВЕСНИ СМЕ ЗА СЛУЧАИТЕ НА ЛИЦА КОИ ПОВТОРНО СЕ ПОВИТИВНИ НА КОВИД-19

СЗО веќе ги разгледува извештаите според кои лица кои го прележале коронавирусот повторно биле позитивни на тестовите за тој вирус.

„Ние сме свесни за извештаите за лица кои биле негативни на Ковид-19, а потоа повторно се позитивни“, се наведува во соопштението на СЗО.

Јужнокорејските власти вчера соопштија дека 91 пациент, за кои се сметало дека се излекувани од вирусот, повторно се позитивни.

Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести Џеонг Еун-Кјеонг рече дека е многу поверојатно е вирусот да се „реактивирал“ отколку пациентите да се заразиле повторно.

СЗО предупредува дека пациентите не може да бидат пуштени од болница се додека, во рок од најмалку 24 часа, не покажале негативни резултати на два теста.



Слични Објави