ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ КОГА ПАТНИЧКИ АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КОЧАНИ – ВИНИЦА
Четоврица патници се повредени во автобуска несреќа која се случила на магистралниот пат Кочани – Виница и биле веднаш пренесени во кочанската болница.
Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 24. септември патнички автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од 61-годишен возач од Кочани, изгубил контрола и излетал од патот.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Кочани и се работи на расчистување на случајот.
