ЏАМБАСКИ ЗА „ПОГЛЕД“: ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА Е КОН ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

//

Колумна за „Поглед“ на бугарскиот европратеник и потпретседател на ВМРО БНД, Ангел Џамбаски.

Пред браќата ни крај Вардар претстои важен избор. Треба да изберат дали да ја преминат границата и да патуваат слободно од Охрид до Црно море и целиот останат 500 милионен Европски сојуз, или да останат во темниот агол на историјата, потиснати од српски турбофолк, шајкачи, кодоши и коминтерновски чизми.

Овој текст нема никаква историска претензија, историјата на регионот одамна е јасна на секого, кој се потпира на фактите.

„Би трябвало да се казва не Македония, а Мъкидония.“

Ова го кажал познатиот Охридски преродбеник Кузман Шапкарев за најромантичниот регион на бугарското земјиште. Многумина од вас можеби го знаат овој цитат и од ликот на Руси Чанев во „Мерка според мерка“ од Дилбер Танас. Македонија, затоа што оваа земја ја обележа нашата национална свест. Таа била двигателот за националното обединување. Борбата за ослободување на Македонија го воодушевила умот на многу бугари во последните 100 години. Јас не сум исклучок.



Во Македонија во изминатиот период имаше референдум за промена на уставното име на државата. Морам тука да кажам дека за нас бугарите, Македонија никогаш нема да биде ниту долна, ниту горна, ниту северна, ниту јужна, туку таа си останува една и братска.

Толкувањата и интерпретациите во однос на ова прашање во македонскиот медиумски простор се различни. Заштитниците на референдумот, на чело со лидерите на управувачката владина коалиција, го претставија како референдум за иднината на државата. Дали да тргнеме по патот на евроатланската интеграција, или не. Противниците на референдумот повикаа тој да биде бојкотиран, со цел да се поткопа легитимноста во самата консултација со луѓето. Има и трета позиција, таа на ДПМНЕ – партијата која го забави развојот на Република Македонија со десетлетие. Нивната позиција е да немаат позиција. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на пресконференција изјави “граѓаните да го направат тоа што им го зборува нивната совест“. Таквата позиција може да се квалификува само како низок обид за политичко миење на рацете.

Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

(ФОТО)ПРИЛЕПЧАНИ НА КРЕАТИВЕН НАЧИН ГО „СРЕДИЛЕ“ ПРОБЛЕМОТ СО НОВИТЕ ТАБЛИЧКИ НА СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Следна статија

ПОЧНУВА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ОРДИНАЦИИТЕ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА ВО ОРДИНАЦИИ ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА

Најново од Истакнато