Како учебникот по географија ги поврзува бугарските деца во странство со нивните роднини во Бугарија
Развиено е ново наставно помагало по географија на Бугарија за учениците од петто до седмо одделение во бугарските неделни училишта во странство, соопшти за БТА авторката Дилјана Бодурова, пренесува БНР.
Бодурова е директорка и наставничка во Бугарското неделно училиште „Рајна Кнегиња“ во Бургос, Шпанија. Помагалото е продолжение на електронскиот учебник создаден во соработка со проф. Димитар Симеонов од Катедрата за географија при Великотрновскиот универзитет.
„Предизвикот беше голем, бидејќи досега ниту една издавачка куќа не им понудила ваков производ на училиштата. Токму тој недостиг ја потврди потребата“, изјави Бодурова.

Задачите во помагалото ги поттикнуваат учениците да собираат информации од родителите, бабите и дедовците, вклучително и преку разговори со роднини во Бугарија.
„Така наставниот процес природно се претвора во мост меѓу учениците и татковината“, рече Бодурова.
