Прво издание на фестивал на виното од долината на Струма се одржува во Хераклеја Синтика во Бугарија
Прво издание на Фестивал на виното од долината на Струма се одржува во античкиот град Хераклеја Синтика кај Петрич, со учество на 15 винарски визби од регионот, јавува БТА.
Организаторите имаат цел манифестацијата да стане традиционална и да привлече посетители и од соседните земји, изјави организаторката Надежда Цветкова.
Во програмата се вклучени дегустации на вина и локални производи, проекции на епизоди од серијата „Вина“, обиколки на античкиот град со водич, како и активности за деца.
Предвидени се и мастер-клас за сортата широка мелничка лоза, предавање за биодиверзитетот, претставување на Хераклеја Синтика од проф. д-р Људмил Вагалински и музичка програма.
Фестивалот се одржува со поддршка на општините Петрич, Сандански и Струмјани.

