| |

ЗМИЈА СЕ ПИКНАЛА ВО КРЕВЕТОТ НА КАВАДАРЧАНКА И ЈА КАСНАЛА ПРЕД СПИЕЊЕ

Жителка на Кавадарци морала да прими серум против змиски отров откако во својата постела била касната од змија отровница, пренесува МИА. Во изјава за агенцијата, раководителот на Брзата помош во Кавадарци, Драган Димитров рекол дека станува збор за типично змиско гризнување, со видливи траги од два заба. Морничавиот настан се случил во вторникот, а според кажувањата на каснатата, најверојатно се работи за змија поскок, којашто избегала од постелата и сѐ уште е во куќата.

Ова не е единствен случај на змиско каснување за краток временски интервал во Кавадарци. Пред околу две недели, од змија бил каснат и повозрасен маж кој бил нападнат додека го фрлал отпадот во кој се била вовлекла отровницата. Во болница морал да помине два дена.



Слични Објави