Иван Шишиев ja одбележува десетата годишнина на “Етид-и-те на Софија” со книга
Познатиот бугарски фотограф Иван Шишиев ја претставува својата нова книга со наслов „Етидите на Софија. 10 години во кадри“, која ги овековечува најинтересните и највпечатливите луѓе, места и настани во бугарската престолнина во изминатата деценија.
„Веќе имам објавено над 18.000 фотографии кои раскажуваат што се случува во Софија и во Бугарија. Објавував и фотографии од Ирак, Албанија, Киргистан, Узбекистан,“ изјави Шишиев.
Книгата се очекува да излезе на пазарот на 12 септември.
Фотографот сподели и за своето неодамнешно патување во Украина, каде што присуствувал на фестивалот ОКО. „Имав извонредно топол прием. Настапија кукерски ансамбли на бесарапските Бугари кои приредија многу интересно шоу. Луѓето таму ќе продолжат да ја бранат својата земја,“ раскажа тој за Бугарското национално радио.

