| |

ОЈО ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА БОМБИТЕ ЗА „РЕКЕТ“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори постапка по допрен глас за аудио снимките кои беа објавени денеска на „Јутјуб“ каналот „U6e Big“, во кои се слуша глас што наликува на оној на бизнисменот Орце Камчев.

„Предметот е земен во работа и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена е наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика да преземат дејствија и мерки и барањето за прибирање на потребни известувања да го достават до „Јутјуб“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Обвинителството посочува дела во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките.

„Со постапката треба да се утврди кој снимал, дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува“, се додава во соопштението.



Слични Објави