| |

ГДУ-ШТИП: ЗОШТО СЕ УШТЕ НЕ Е ЗАПОЧНАТО АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“?

„Што се случува со буџетот на општината, особено делот за капитални инвестиции во Штип?“- прашуваат од локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија во Штип

ГДУ-Штип го поздравува асфалтирањето на дел од улицата „Сутјеска“, но во истото време прашуваат зошто не е асфалтирана улицата „Панче Караѓозов“. Од партијата на Петар Колев прашуваат уште дали асфалтирањето на таа улица ќе се пролонгира во 2020 г. и зошто?

„Од капиталните инвестиции предвидени се асфалтирање на две улици, едната е дел од ,,Сутјеска”, а другата е асфалтирање на улицата ,,Панче Караѓозов”. Би сакале да го поздравиме асфалтирањето на дел од ,,Сутјеска”, но би сакале да прашаме, зошто сѐ уште не е асфалтирана улицата ,,Панче Караѓозов”? Дали ќе се пролонгира за во 2020 г. и доколку е така, зошто?

Од ГДУ Штип ја повикуваат локалната власт дали има некакви проблеми со финансиските средства или се работи за проблем од друга природа.

„Дали тоа значи дека има проблем со финансиските средства или нешто друго е во прашање?“ – праша Борче Пачемски, претседател на ГДУ-Штип.



Слични Објави