Ковачев: ЕУ има потреба од силни билатерални трговски договори
Бугарскиoт европратеник Андреј Ковачев од групата на Европската народна партија го изнесе својот став по говорот за состојбата на Унијата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Ковачев истакна дека е потребно единство меѓу земјите членки, европските институции и Европскиот парламент за мерките што се предлагаат навистина да бидат реализирани.
„Европа треба да го најде своето место и да има силен глас во светот во однос на кризите околу нас – војната во Украина, војната на Блискиот Исток, како и во однос на трговските спогодби со Соединетите Американски Држави, а до крајот на годината и со Индија, Меркосур и Индонезија,“ нагласи европратеникот.
Тој подвлече дека е клучно Европа да склучува силни билатерални трговски договори со цел да се гарантираат работните места на европските граѓани.
