| |

Книга за еден од најдолгогодишните политички затвореници во Бугарија

Вечерва во 19 часот, во Литературниот клуб „Перото“ во Софија ќе се одржи премиера на второто издание на книгата „Непомирливиот. Илија Минев – од прво лице и другите за него“. Авторот Иван Гаџев ја собира личната приказна на Минев меѓу кориците на ова значајно издание, кое повторно доаѓа пред јавноста, јавува БНР.

Во емисијата „Нашиот ден“ новинарката Даниела Горчева потсетува кој е Илија Минев и зошто неговата животна приказна заслужува да биде раскажана. Минев минува 25 години во политичките затвори во Бугарија и е еден од организаторите на првата легална антикомунистичка организација во земјата. Современик е на „старите демократи“ како Крсто Пастухов, со кого бил заедно во затворот во Сливен.

И покрај неговата огромна жртва, во Бугарија Минев не добива признание. Во 90-тите години, Гаџев, кој тогаш живее како емигрант во САД, го поканува Минев на средби со бугарската емиграција зад граница, но и со истакнати американски политичари. Тие средби и неговата лична историја стануваат основа за книгата „Непомирливиот“, која денес повторно излегува во печатено издание.



Слични Објави