| |

ПОСЛЕДЕН ОБИД ГРУЕВСКИ ДА ЈА ДОБИЕ ПОКАНАТА ЗА ШУТКА

Судот денеска ќе направи уште еден обид да му го достави на Никола Груевски решението со кое се одбива неговата жалба на одлуката да не му се дозволи одложување на затворската казна. Но ако судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе побара присилно приведување од полицијата или распишување на потерница. Претходно, како опција се споменуваше решението да му биде предадено на Груевски ако тој се појави на рочиштето за предметот „Титаник“, но тоа наместо за денеска е презакажано за в среда. Неговите адвокати се очекува денеска да се повикаат на вонредниот правен лек, кој се уште не доставен до Врховниот суд и на одлуката на Комисијата за дискриминација дека Груевски бил дискриминиран.

Слични Објави