| |

Историскиот музеј во Петрич стана член на Балканската музејска мрежа

Историскиот музеј во градот Петрич во Бугарија се приклучи на Балканската музејска мрежа, која обединува повеќе од 400 музеи од регионот со цел соработка, размена на знаења и заеднички културни и меѓународни проекти, јавува Пиринско.

Директорката на музејот, Катја Стојанова, изјави дека членството ќе овозможи развој на заеднички проекти, гостувачки изложби, концерти и други културни настани. Патувачката изложба за Хераклеја Синтика во моментов е во Полска.

Од 19 до 26 септември во античкиот град Хераклеја Синтика по вторпат ќе се одржат „Хераклејските празници на уметностите“. Во програмата се предвидени изложба на автори од Серес во Уметничката галерија во Петрич и три музички вечери, меѓу кои и концерт на грчкиот композитор и музичар Јоргос Андреу со Карина Легаки.



Слични Објави