| |

Два предлога за сцената и публиката на „Евровизија“ во Арена Бургас

Бугарија подготви два предлога за архитектонскиот план на Арена Бургас и сцената за „Евровизија“, а конечната одлука се очекува по одобрувањето од страна на Европската радиодифузна унија (EBU), јавува Актуално.

Првиот предлог предвидува капацитет од 12.627 лица, од кои 10.107 седечки и 2.520 стоечки места, со „зелена соба“ околу сцената. Вториот предвидува 4.297 седечки и 9.200 стоечки места, а „зелената соба“ би била поставена во задниот дел на салата.

За публиката е планиран централниот влез, додека паркинзите ќе ги користат екипите. Прес-центарот ќе биде надвор од салата и треба да има капацитет од 300 лица. Предвидени се и посебни простории за делегациите, соблекувални, шминкерници, студија и зони за одмор.

Околу арената дополнително треба да бидат изградени ресторан, магацини, помошни сали за прес-конференции и други сервисни простории.



Слични Објави