| |

Наместо да ги осуди навредливите извици и свирежи Ковачевски дели совети како треба да навиваат македонските и бугарските навивачи

Наместо да ги осуди навредливите извици и свирежите за бугарската химна на синоќешниот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија, на кој што и самиот тој беше присутен премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање поврзано со реакцијата на МНР изјави дека секогаш се реагира кога има дејствија кога се нарушува углед по било која основа.

Изјавата на Ковачевски се однесува на тврдењето изнесено од страна на новинарот, дека властите не реагираат кога се работи за бугарски провокации, а од друга страна МНР реагира за говорот на омраза за синоќешниот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија.

– Не е точно дека не сме реагирале, ние секогаш сме реагирале кога има дејствија кога се нарушува углед по било кој основ. МНР реагираше, но реагиравме и на друг натпревар во којшто играа репрезентациите, но сепак сметам дека најдобар начин да се навива е да се бодри сопствениот тим и да се почитуваат противниците. Тоа важи за нас секако, но важи секако и за нашите противници, рече Ковачевски по настанот за презентација на Проектот за поврзување на локалните патишта.



Слични Објави