Ти фашист ли си, баj Димитре?*
Пишува: Кирил Илиев, историчар и меѓународен уредник во dividend.bg
Или како преку својата книга „Патот“, авторот Никола Шајков, ни раскажа за прогонот на дејците на ВМРО од страна на комунистите по 9 септември 1944 година. Како слугите на Сталин во Бугарија наметнаа политика на одродување на Пиринска Македонија? Преку кои методи им беше наметнувана македонската самосвест на Бугарите под Пиринот? Колку е страшно да се биде ванчомихајловист во комунистичка Бугарија?
Кој е Никола Шајков?
Никола Шајков е роден во 1912 година во селото Делчево, кај градот Неврокоп (денес Гоце Делчев). Селото е поврзано со борбите на Бугарите за национално обединување. Никола Шајков уште од детството слуша приказни за титаните на ВМРО – Гоце Делчев и Тодор Александров. Живее и е завладеан од идејата да ги ослободи Бугарите во Македонија. Семејството на Шајков е од Зелјахово, Егејска Македонија. Неговото семејство е сиромашно и тој не успева да заврши средно училиште. Заедно со своите пријатели се колне пред припадници на Организацијата да ѝ служи до гроб. Со тоа била фрлена коцката, од тој ден сите негови мисли и дела биле ставени во служба на народот, бидејќи тргнал по патот на борбата. Оваа борба го означува целиот живот на Никола Шајков. За време на Втората светска војна служел во 39. Солунски полк во градот Гоце Делчев. На 4 април 1941 г заминува за Скопје. Таму останал до почетокот на јули, а потоа бил демобилизиран. Се преселил во родното место Зелјахово, за да работи како службеник. На 17 септември 1944 година го напушта Зелјахово и заминал за Пловдив. По неколку дена се вратил во родното Делчево и веднаш бил уапсен. Истата ноќ бил одведен во подрумот за мачење и бил жестоко претепан. Самиот автор раскажува:
„Прво те наведнуваат така што рамената и колената се допираат, а рацете ги врзуваат за нозете. Потоа ставаат дрво под свиоците на колената и четворица милиционери, по двајца на секоја страна, те креваат над подот. Другите, некои со камшик, некои со стап почнуваат да те тепаат, придружувајќи го секој удар со жолчна пцовка. Многу брзо физичката болка те совладува и забораваш на пцости. Потоа веќе не обрнуваш внимание и на ударите. Таа постапка продолжува додека не се уморат тепачите, состојбата на жртвата воопшто не се зема предвид.
Потоа те пуштат повторно на подот за да ја извршат втората постапка. Тоа им е омилен дел на милиционерите, бидејќи за нив е еден вид одмор, но за жртвата е пекол. За да го изведат, прво ви ги ослободуваат стапалата, а потоа ви ги врзуваат за стол. Првиот почнува да ве тепа со камшикот, а другите мирно го чекаат својот ред, одморајќи се по првата постапка. Тепањето продолжува додека не се онесвестите, или ако се случи некој поиздржлив, додека не се наситат да тепаат. Одлучувајќи дека ви посветиле доволно внимание, двајца од нив ве влечат назад во ќелијата, ставајќи ги вашите стапала во ладна вода.’
Покрај Никола Шајков, во окружната управа на градот Гоце Делчев има речиси стотина луѓе. Сите поврзани со ВМРО. Бројот на апсења експоненцијално расте секој ден. Шајков потоа раскажува:
„Од затворениците што ги најдов во окружната канцеларија кога влегов, на 4 октомври во 22:35 часот изведоа група од 13 лица. Сите до еден беа убиени, но точно каде – и покрај нашите напори – не можевме да дознаеме. Во оваа група најмногу биле членови на македонската организација на чело со нејзиниот водач во Гоце Делчевско – Стојан Филипов. Единствено што дознавме за нив е дека прво биле подложени на борби и тортура, од кои загинале две лица, а потоа ги убиле сите. На 31 октомври во затворот беа донесени двајца нови притвореници: поручникот Илија Иванов Глебаров од Гоце Делчев и школникот Васил Василев од село Долен, Гоце Делчевско. Истата вечер и двајцата ги разделија од нас, а подоцна ги одведоа зад градските гробишта, им ги врзале рацете еден за друг и така ги убиле. Не се ни мачеле да ги сокријат труповите, луѓето што поминувале следниот ден виделе како кучиња им го кинеле месото, но лицата им биле добро сочувани“.
Поради овие настани Никола Шајков разбира дека Бугарите од Македонија имат тежок грев пред новата комунистичка власт – тие се Бугари и нема да прифатат да бидат други! Она што не успеа да го направи Отоманската империја со нив, она што Грција или Србија не го направија со нив… почнаа да го прават комунистичките слуги потчинети на Сталин во Бугарија, под водство на неговата ропска марионета Георги Димитров.
Народниот суд
На 5 февруари 1945 година во градот Гоце Делчев започнале седниците на „Народниот суд“. Судиите биле избрани од комунистичката власт за да ги победат непослушните Бугари – дејци на Организацијата. На овој начин ќе се разбиела и бугарската држава во Пиринска Македонија. За претседател на Народниот суд е избран Георги Шишков од Пазарџик. За обвинител е именуван Атанас Стајков од Разлог. Стајков бил единствениот член на судот кој се заколнал дека ќе ги почитува принципите на Темида, бидејќи по професија бил адвокат. Шајков раскажува за него:
„Беше алкохоличар, беше пијан во текот на целиот судски процес, а кога ќе го земеше зборот, викаше толку многу што од устата му летаа плунки: „Смрт за ова фашистичко куче!“. Многу почесто, нè нарекуваше „михајловистичко куче“, што значеше дека „кучето“ е член на македонската организација.
Народни судии биле пет лица: Георги Пржаров од Разлог, Георги Топалов од Белица, Филип Попов од Јакоруда, Илија Гулев од Белица и Крстјо Андонов од село Дотлија, Серско.
За тоа колку брутален бил „Народниот суд“, авторот ја раскажува следнава приказна од судскиот процес против старецот Димитар Трлјанов од селото Грмен, Гоцеделчевско
-Ти фашист ли си, бај Димитре?
Стоејќи исправено и гледајќи го Кристју Андонов право во очи, гласно и јасно рече:
-Да! Бидеjќи сите што ги судите овде се фашисти, значи сум и јас! Горд сум што во овој момент сум меѓу нив, а не меѓу вас! Сите тие што сега ги судите се добри и чесни луѓе! Јас сум чесен човек, цел живот поминав во работа, помагајќи им на сите што имаат потреба, никого не сум убил или ограбил, сум живеел според Божјите заповеди, не само јас, туку и моето семејство.
Во салата настана забуна , а судиите по овој провокативен одговор ги спуштија веѓите и почнаа да шепотат меѓу себе. За да го отфрли впечатокот од тоа што го кажа бај Димитар во салата, неговиот соселанец Иван Гулев во својство на судија го праша:
-Вие, бај Димитре, што разбирате под зборот фашист?
– До моментот на моето апсење не знаев што е овој збор и од каде доаѓа и никогаш не сум го слушнал. Пред да дојдете на власт, никој никого не нарекуваше фашист. Но, кога вашата партија дојде на власт, сфатив дека јас и многу други луѓе сме фашисти, така не нарекуваа тие што се нарекуваа комунисти. Ни се закануваа дека ќе не истребат, не тепаа и не пцуеја на мајка фашистичка. Откако ја презедовте власта, почнавте да ги делите луѓето на фашисти и комунисти, а бидејќи не сум комунист, јас сум фашист. Вие разбирате исто колку и јас. Според вашето разбирање, фашисти се оние кои се добри бизнисмени, не се опиваат, не крадат, не тепаат луѓе за џабе, не закачуваат туѓи жени, туку работат од темно до темно. А комунистите се тие што не сакаат да работат, што крадат, што тепаат сопственици за да им го земат имотот, а немаат ништо затоа што никогаш во животот не работеле. Тие се оние кои пцујат, тепаат, се опиваат и викаат: „Смрт за фашистите!“. Така јас го разбирам зборот „фашист“.
Со овие зборови бај Димитар ја потпиша својата казна, но неговиот срдечен говор предизвика таков бес кај членовите на судот што сите почнаа да гестикулираат против него, а пијаниот обвинител Стајков, по кратко двоумење, ја извика стандардната фраза:
– Смрт за ова михајловистичко куче!
Во ваква „деловна“ ситуација се одржуваа седниците на „народните“ судови и се утврдуваше вината на обвинетите. А дека сите што поминале низ судот се виновни, тоа елоквентно го докажуваат изречените пресуди.
„Народниот суд“ во Гоце Делчев ја заврши својата дејност на 15 март 1945 година со изрекување на безброј смртни и доживотни казни. Некои од осудените добија и други различни затворски казни. Ниту еден не е ослободен или условно осуден. Заедно со казните беа изречени и големи парични казни: осудените на смрт – пет милиони лева, осудените на доживотно – три милиони лева, осудените на 15 години – два милиони лева, осудените на 10 години – еден милион лева, а оние. осудени на петгодишни пресуда – 500.000 лева. Ова се бројките за секој поединец осуден, има и заедничка казна за сите „фашисти“ и „ванчомихајловисти“ – конфискација на целиот имот.
Шајков раскажува и за судбината на осудените на смрт.
„Како и каде се убиени лицата осудени на смрт од „Народниот суд“ што заседаваше во Гоце Делчев, не можевме со точност да утврдиме. Сите информации во оваа книга ги собрав додека бев во затворите низ Бугарија, од очевидци и учесници во тогашните настани до јуни 1947 година. Останатото го завршив како иселеник, исто така од луѓе кои за чудо поминаа низ овој пекол. До нас стигнаа гласини дека осудените на смрт се убиени, а потоа запалени во дворот на тогашниот помошник началник на полицијата Никола Лулов“.
Затвор
Никола Шајков е осуден на доживотен затвор од „Народниот суд“. Сите осудени на различни затворски казни одбиваат да ги потпишат изјавите дадени од властите дека се Македонци. На овој начин, жилавите Бугари од Македонија уште еднаш им докажуваат на комунисти-интернационалистите дека ништо не може да ја скрши нивната осудена љубов кон татковината.
На 15 јуни 1947 година Никола Шајков успеал да побегне од областа Папазчаир. Ја минува границата со Грција и таму се предава во првото село. По низа неволји се префрлил во Солун. Патувал со параход до Пиреја. Потоа во Неапол. Тој се селел уште неколку пати пред да пристигне во Канада, за на крајот да се насели во Торонто.
Токму во Торонто Шајков ја напиша својата автобиографска книга, која ни помага да ја разбереме судбината на Бугарите во Пиринско. Колку било страшно да се биде Бугарин во Македонија под комунистичка власт. И како патриотите, активистите на Организацијата, луѓето кои ја бранеа бугарштината, беа уште посурово прогонувани, дури и од Евреите во нацистичка држава.
Книгата на Никола Шајков, освен што ги расветлува репресивните методи на комунистите против Бугарите, на дневен ред става и неколку клучни прашања.
Кога БСП ќе се извини за најголемото национално предавство во бугарската понова историја – одродувањето на Бугарите во Пиринска Македонија? Зошто нејзиниот водач Корнелија Нинова, наместо да мавта со зарѓаниот меч на социјализмот, не се извини за концентрационите логори и затворите во комунистичка Бугарија?
Токму таму животот го загубија плејада храбри патриоти, кои со својата слобода и со цената на својот живот го платија правото да бидеш Бугарин во „Народна“ Република Бугарија.
* Написот е објавен на 1 декември 2017 г. во интернет порталот Консерваторъ