| |

Трибуна повикува: Потпишете ја петицијата против Резолуцијата 741- која има за цел да ги „македонизира“ македонските Бугари емигранти во САД

Во тек е потпишувањето на петиција против внесената резолуција 741 во американскиот конгрес, која погрешно ги претставува македоно-бугарските Американци, како етнички Македонци и нешто различно од Бугарите.

Во онлајн петицијата, која има за цел да го заштити правото на Бугарите од географската област Македонија, емигранти во САД, да не бидат претставувани како „етнички Македонци“, дојдени на американско тло уште од времето на Колумбо со „Драган од Охрид“ е наведено и обраќањето до подносителите на спорната резолуција американските конгресмени Брендон Бојл, Лиса Меклејн, Деби Дингел и Клаудија Тени.

Порталот Трибуна ги повикува сите Бугари, без разлика дали потекнуваат од Македонија или не, да ја потпишат оваа онлајн петиција. Тоа е еден од начините да покажеме единство пред оние, кои го негираат бугарскиот идентитет на нашите претци.

Петицијата можете да ја најдете на следниот линк. Исто така пожелно е истата да ја споделите со пријатели.

Слични Објави