Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук

/

Светот се соочува со закана од нова студена војна со нуклеарен призвук и наплив на екстремен национализам, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во говорот пред дипломирани студенти на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси.

Меѓу бројните глобални закани, Гутереш ги посочи климатските промени, растечките социјални нееднаквости и ширењето на глад и болести, предупредувајќи ги американските дипломци дека светот во кој влегуваат е „полн со опасности“.

– Се соочуваме со конфликти и поделби во размери што не се видени со децении. Од Јемен до Сирија, од Етиопија до Сахел и пошироко, рече Гутереш, мислејќи на конфликтот во Украина, кој според него „предизвикува големо човечко страдање, уништување и смрт“.

Извор: zoom.mk





Претходна статија

Во Унгарија прогласена вонредна состојба поради војната во Украина

Следна статија

Трибуна повикува: Потпишете ја петицијата против Резолуцијата 741- која има за цел да ги „македонизира“ македонските Бугари емигранти во САД

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да