Во Унгарија прогласена вонредна состојба поради војната во Украина

/

Унгарската Влада денеска прогласи вонредна состојба поради војната во Украина, која ќе стапи во сила на полноќ, изјави премиерот Виктор Орбан.

Во видео што го објави на Фејсбук неколку часа откако парламентот го усвои амандманот на Уставот во кој се наведуваат конфликти, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја како причини за мерката, Орбан рече дека војната во Украина претставува закана за Унгарија, физичката безбедност на нејзините граѓани, енергетските залихи и финансиската сигурност на семејствата и стопанството.

Тој нагласи дека Владата која денеска положи заклетва веднаш почна со работа и посочи дека сè уште никој не го гледа крајот на војната во Украина.

– Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да се држи настрана од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на семејствата, рече Орбан.

Тој додаде дека за да се направи тоа, Владата мора да биде способна да носи одлуки и брзо да реагира.



– Вонредната состојба, слична на онаа воведена за време на пандемијата, ќе и овозможи на владата брзо да реагира и да ги искористи сите достапни методи за заштита на Унгарија и Унгарците, рече Орбан.

Унгарскиот Парламент претходно денеска го усвои 10-тиот амандман на Уставот, со кој се дозволува владата да прогласи вонредна состојба во случај на вооружен конфликт, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја.

За амандманот гласаа 136 пратеници, а против беа 36.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Шефот на СЗО доби нов петгодишен мандат

Следна статија

Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да