| |

Теракотни фигури и јагленосани коски се откриени во гроб од Западната некропола на Хераклеја Синтика

Над 15 теракотни фигури и уште 8 садови за масло за балсамирање открија археолозите во уште еден разграбен од копачи во антиката гроб од Западниот некропол на Хераклеја Синтика. Работата сè уште продолжува, фигурите и другите керамички предмети сè уште не се исчистени, објавија од Archaeologia Bulgarica, пренесува БГНЕС.

Пронајдени се и делумно јагленосани коски. Според раководителот на ископувањата, проф. д-р Људмил Вагалински, погребот датира од II-I век пр. н.е., барем според првичните податоци.

Слични Објави