|

ДЕВОЈЧЕ НА 14 ГОДИНИ ОД ЛАБУНИШТА ПОЧИНАЛО НА ПАТ ЗА УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Четиринаесетгодишно девојче од струшкото село Лабуништа утрово починало на пат за Ургентниот центар во Скопје, јавува Фокус.

Информацијата ја соопштија од СВР Струга, каде утрово во 6.30 часот било пријавено дека четириесет и деветгодишен жител на селото Лабуништа ја однел својата ќерка во Општата болница во Струга во тешка здравствена состојба. Девојчето починало на пат кон Скопје.

По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција.



Слични Објави