Со концертот „Бескрај“ маестро Најден Тодоров и виртуозната виолинистка Албена Данаилова ја пленија публиката во Скопје
На 21 декември во предвечерието на божикните празници во Филхармонијата пред публиката во РС Македонија се одржа концертот „Бескрај“ со учеството на еден од најуспешните бугарски диригенти и композитори Најден Тодоров и солистката на една од најдобрите бугарски виолинистки Албена Данаилова, која е првата жена концерт мајстор во повеќе од 150 годишната историја на Виенската филхармонија.

Прекрасната музичка вечер на Филхармонијата на РС Македонија се случи благодарение на неверојатната енергија на маестрото Тодоров и виртуозноста на солистката Данаилова.
По концертот овациите на публиката не запреа неколку минути. За реализацијата на концертот „Бескрај“ пред публиката во РСМ клучна беше улогата на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје.
